Само што почнаа протест пред владата 130-ина вработени од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ остварија средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев и се договорија за барањата што ги имаат вработените во овој единствен загубар во земјава.
Помалку од пет отсто од домашните микро, мали и средни претпријатија реализираат извоз на регионалните пазари, а само три проценти се присутни на некој од пазарите во Европската унија зашто се уште се кадровски, финансиски и технички ограничени, беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија.
Ако Македонија влезе во политичка криза, тоа ќе се одрази врз извозната активност на компаниите, но можно е многу повеќе да влијае на нивниот раст и развој, на реализирањето на инвестициите и отворањето нови пазари, смета Стопанската комора на Македонија.
Трошоците на животот во септември 2018 година, во однос на претходниот месец,бележат намалување за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,7 проценти. Статистичките податоците покажуваат дека трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со септември лани забележан е пораст од 1,5 отсто, а цените на мало 2,6 отсто.
Решение за компании кои имаат потреба од носење критични одлуки за многу кратко време насловено како ASAP победи на првиот „Betapitch“ настан во Македонија што вчеравечер се одржа во Центарот за трансфер на технологии и иновации–ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Компанијата Macedonian Honey е Европски победник во категоријата Клима (климатски промени) на StartUp Europe Awards за 2017 година.
Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија ќе биде претставен денеска во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како дел од BIC-SR - Регионален бизнис центар за иновации.
Тоа значи дека тутунарите ќе можат да склучуваат договори директно со откупните компании кои, пак, ги преземаат бирократските формалности.
Дванаесет старт-ап компании денеска ќе ги презентираат своите иновативни бизнис идеи по што најдобрите преку програмата „Betapitch“ ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.
Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска и утре ќе им овозможат на компаните, преку програмата „Betapitch“, да добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.