Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“, го подобри кредитниот рејтинг на Македонија, ББ од негативен во позитивен.
ЕЛЕМ информира дека „Трансмет“ се откажал од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, поради неможност да ги исполни обврските за ископ според утврдената динамика.
Физичките лица кои во текот на 2017 година оствариле дополнителни приходи, покрај плата и пензија, треба до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава (ГДП) до Управата за јавни приходи.
Поради неисплатени плати и придонеси работници на кои им се истечени договорите за работа во текстилната фабрика „Веибо груп“ втор ден протестираат пред производствениот погон на влезот во Крива Паланка.
Кавадаречки Фени Индустри ад - во стечај ќе почне со работа откако Одборот на доверители донесе одлука за склучување договор за преработка на никелова руда на овој комбинат со единствениот понудувач друштвото GSOL.
Побарувачката на кредити од претпријатијата во последниот квартал од 2017 година во банките била со посилна динамика во однос на претходниот период, а банките очекуваат и во наредните три месеци да се зголемува побарувачката.
Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на ДДВ, а во постапувањето на УЈП не постои промена по ова прашање. Сите физички лица не се обврзници за цели на ДДВ, напротив станува збор за многу мал број лица.
Состојбите во економијата се подобруваат. Податоците на НБРМ за економската активност за третиот и расположливите податоци за четвртиот квартал од минатата година упатуваат на постепено подобрување на состојбата во економијата.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Македонски Железници - Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска имаа средба со претставници на кинеската компанија China Railway Group Limited.
Партнерството меѓу владите, приватниот сектор и образовните системи обезбедува мотивирачко и напредно општество, истакна премиерот Зоран Заев на денешното свечено отворање на Институтот за бизнис и менаџмент од Хајделберг со седиште во Скопје.