Земјоделството бара сериозен труд и работа и затоа има негативна репутација особено кај младите луѓе. Владата на Република Македонија сериозно презема мерки да создаде можности за нови земјоделски бизниси и задржување на младите луѓе во руралните средини, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски .
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Ѓорче Петров, каде заедно со градоначалникот Александар Наумоски извршија увид во градежните работи за реконструкција на улица 62, во населеното место Кисела Јабука.
Во патниот патнички сообраќај во вториот квартал од годинава во однос на тој квартал лани, бројот на превезени патници е зголемен за 2,7 отсто, во воздухопловниот за 20,7 проценти, во железничкиот превоз за 13,8 отсто, а намалување е забележано за 16,4 отсто во градско-приградскиот превоз, објави Државниот завод за статистика.
Здружението „Вина од Македонија“ во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјава, оценува дека најавите за можни блокади на патиштата, како начин на притисок за зголемување на откупната цена на грозјето, се избрзани, беспредметни и непотребни.
Македонија во јуни годинава вкупно потрошила 527.856 мегават часови електрична енергија, 4,123 милиони нормални метри кубни природен гас, 410.807 тони јаглен и 80.943 тони нафтени продукти.
На регулираниот пазар на електрична енергија и по либерализацијата има потреба од евтина тарифа, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.
Специјална комисија составена од три члена ќе биде задолжена за обесштетување на производители и потрошувачи на електрична енергија доколку операторите не се согласни со барањето за надомест на штета што ќе го поднесат потрошувачите или производителите.
Средствата одвоени за референдумот од 80 милиони денари се од резервни функции на државата и тоа нема да предизвика ребаланс на Буџетот.
Американската стопанска комора во Македонија - АмЧам Македонија, Македонија 2025 и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТсметаат дека не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход, особено не во формата која што неофицијално беше имплицирана.
Лозарите од Тиквешијата остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето и одлуката да блокираат патишта, доколку винарите останат глуви на нивните реакции. Ова утринава го потврди за МИА Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.