Да престане практиката на јавни прозивки на компаниите во политички контекст и изнесување паушални констатации кои им нанесуваат штета на угледот. Фирмите треба да се оценуваат единствено преку критериумите на квалитетот на нивните производи и конкурентноста на понудените цени.
Повисоки цени и откуп на целото грозје се очекува годинава поради зголемената глобална побарувачка, но и поради тоа што винарските визби немаат залихи, беше речено на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
По два денара поддршка за килограм сливи ќе добијат регистрираните откупувачи и трговци со цел стабилизирање на откупот на сливи, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува до крај на септември или почеток на октомври да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип, со евентуално мало пролонгирање за помали работи, а до крајот на месецов во Собранието да биде доставен и законот за анекс договорот за автопатот Кичево-Охрид.
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати.
На седница на Владата задутре се очекува да биде усвоена уредба за распределба на финансиии за нискобуџетни авиокомпании и по нејзино објавување во Службен весник по неколку дена ќе се формира комисија за евалуација и ќе биде распишан јавен повик за евтини летови, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
До 31 август заинтересираните кандидати можат да се пријавуваат за полагање на испит за овластен стечаен управник што го распиша Министерството за економија, а е услов за добивање лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како лице овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот.
Европејците на туристички патувања годишно вкупно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците 120 милијарди, Французите 71 и Британците 61 милијарда.
Повратот на ДДВ за фирмите во првите седум месеци од годинава изнесува 12,7 милијарди денари (206,4 милиони евра), што е е за 24 отсто повеќе од истиот период лани.