Фондот за иновации и технолошки развој ги отфрли како невистинити денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека биле доделени средства на фирми кои се во постапка на ликвидација во Централниот регистар.
Успешно се спроведуваат Оперативниот план за вработување 2018 и пилот-програмата Гаранција за млади. Тоа покажува дека создадовме ефикасни механизми за намалување на невработеноста во Македонија, а веројатно во наредниот период позитивните резултатите ќе се видат и кај младите кои се уште се без работа, соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Министерството за финансии изготви или стави во примена осум закони кои нудат директни поволности за граѓаните и фирмите.
Стопанската комора на Македонија вечерва преку соопштение излезе со оценка дека влијанието на политиката и политичките случувања во изминатите години врз економијата во земјата било големо и смета дека компаниите треба да се остават да се пробиваат на пазарот единствено врз основа на квалитетот и конкурентноста на цените на нивните производи.
Дополнителна субвенција од два денара за килограм за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки, е новата мерка која Владата ја донесе на последната седница за стабилизација на состојбите со откупот на сливите.
Министерот Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, денеска ја посети фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“ АД Скопје.
Градинки, училишта, општински згради и други јавни објекти во општините ќе може самите да произведуваат струја од фотонапонски системи, кои ќе им бидат доделени преку Проектот за подобрување на општински услуги на Министерството за финансии.
Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци.
Со кинеската компанија Синохидро во моментов се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево - Охрид, најави вечерва министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Русија ќе ја укине времената забрана за извоз на коскесто овошје од Македонија откако ќе добие извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки. Извештајот треба да го изготват надлежните органи од земјава и мора да биде прифатен од надлежните органи на Руската Федерација.