Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека Министерството за земјоделство прави анализи по што ќе објави колкави се штетите од косовската одлука со која царините за извоз на зеленчукот и овошјето од 18 јули до вчера беа 30 отсто повисоки.
Овозможуваме раст на платите на вработените во Македонија, со тоа што со најновите измени и дополнувања на Законот за минимална плата ја засилуваме поддршката фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците, рече министерката Мила Царовска, која денеска се сретна со менаџментот и вработените на текстилната фабрика „Голден Текст“ во Кочани.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт - трговија на големо со Еуродизел БС (Д-Е V), Еуросупер БС 95 и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), на Друштвото за производство, трговија и услуги „Сан петролеум“ ДООЕЛ увоз-извоз – Скопје.
Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска на седница го разгледуваше предлог- буџетот за 2019 година. Вкупниот буџет е предвидено да биде 575 милиони 836 илјади денари.
Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница.
Владата на Република Македонија на денешната 82-ра седница ги разгледа информациите за склучување Договор за доделување финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе од 100 компании во Република Македонија, согласно кој за првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании
Интервентен откуп на пченицата, иако е доцна, побараа производителите на лебното зрно од Пелагонискиот, Полошкиот и од Скопскиот регион на денешната средба во Прилеп со Националната федерација на фармерите на Македонија.
Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани е зголемен во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,9 отсто.
Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Кресник Бектеши. Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји.
Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е зголемен за 7,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите шест месеци од 2018 година пораснал за 7,5 отсто во однос на истиот период лани.