Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот за 2017 година во рамки на денешното продолжение на 53. седница.
Вкупните депозити во Македонија во јуни се зголемени за 0,8 проценти на месечна основа, главно заради растот на депозитите на корпоративниот сектор, кои имаат учество во растот од 72,4 проценти, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Вкупните кредити на домаќинствата во јуни годинава се зголемиле за еден процент на месечна основа, а за 9,7 проценти на годишна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Според Предлогот, финансиската поддршка ќе се обезбеди во периодот од јули до декември годинава и ќе изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември минатата година. Максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари.
Фондот за иновации и технолошки развој тврди дека процедурата по која е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата на РМ е целосно транспарентна.
Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, велат од Светска банка (СБ). Во објавата за напредокот во рамки на Програмата за управување со јавниот долг и ризиците
Паушална и повисока проценета вредност на имотoт од реалната пазарна вредност, што влијае на висината на данокот што го плаќаат, е една од поплаките што ги изнеле граѓаните во неодамна објавената анализа за администрирање на даноците во град Скопје.
Во екот на туристичката сезона аранжманите што ги нудат туристичките агенции се речиси распродадени. Продажбата е слична како и минатата година, а во некои агенции продадени се скоро 90 проценти од аранжманите.
На потврдата на рејтингот ББ влијаеа континуираната кохерентност на макроекономската и финансиската политика, кои го поддржуваат стабилниот девизен курс.
Растот на платите е, и останува, приоритет на Владата на Република Македонија. Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 отсто во однос на истиот месец претходната година.