Дводневна обука за ментори за организициски развој ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија во организација на Македонското здружение за заштита при работа и во соработка со Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија.
Просечната исплатена нето плата по вработен во државното акционерско друштво „М-НАВ” е 115.397 денари односно 1.867 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија на „М-НАВ” за 2016 година.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посетија ТИРЗ кај Тетово. Тие најпрво ја посетија фабриката „Леар“, а потоа се сретнаа и со раководството на ТИРЗ „Тетово“.
Компанијата ТЕ-ТО АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и можност да продолжи редовно да работи.
За разлика од претходните години, кога невработеноста на младите се движеше околу 50 отсто, во првиот квартал од 2018 година, таа е намалена до 35,9 отсто, што претставува успех, истакна Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот зашто реализацијата на приходите е одлична и тие се собираат согласно проектираното.
Општините Кочани и Пробиштип, кои се основачи на заедничкото јавно претпијатие „Пониква КП“, започнаа постапка за негова ликвидација. Одлуката за згаснување на претпријатието доаѓа по пет години од основањето, откако тоа воопшто не проработи во дејноста за која беше регистрирано.
Охридска банка - Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции.
Владата ги повикува сите граѓански организации во земјава да се вклучат во мониторнигот на јавните набавки со цел да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби.
Во Подрачнатата единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, илјада земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, доставиле барања за финансиска подршка.