Консултирани се експерти од Словенија, а почнато е и преградување со бетонски пречки, кои што ќе ја намалат силината на водата, која пристигнува од цевководот.
Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија.
Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи“.
Постои можност за влез на германски компании во Македонија, кои ќе придонесат за развој на економијата, но и кои ќе обезбедат пристојни плати за вработените.
За членови на надзорниот одбор, како што информираат од банката, Чифлиганец и Етеми се избрани на денеска одржаното Собрание на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје.
Во фабриката за преработка на овошје и зеленчук „Ксенос“ во Демир Хисар денеска е отворена нова производна линија за мрзнење овошје и зеленчук, со кофинансирање од ИПАРД 2 програмата.
Како што потенцирала во обраќањето гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска, радуваат интересот и подготвеноста за студиозно и аналитичко пристапување кон актуелни теми од областа на економијата.
Вкупниот промет во индустријата во април годинава е зголемен за 10,9 отсто во однос на истиот месец лани, а намален за 7,1 отсто во споредба со март 2018 година, додека во првите четири месеци од годинава пораснал за 10,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај годинава е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на април минатата година и изнесува 19,5, а во однос на мај минатата година е зголемен за три процентни поени, оценуваат раководителите на фирмите од преработувачката индустрија.
Пред бизнисмените во Велес денеска беа презентирани можностите и условите што треба да ги исполнат за да добијат финансиска помош од Владата.