Меморанудмот го потпишаа извршниот директор на Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Будимпешта (РЕЦ) Михаил Димовски и директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски.
Проектот „We Make“ - Женско претприемништво за конкурентност, денеска беше презентирано во Штип, а се реализира од страна на Здружението на Бизнис жени на Република Македонија и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по барањето од граѓански организации да се промени трасата за изградба на гасоводот која минува кај Водно за да не се оштетува шумата, вели дека ќе биде минимизирано какво било оштетување, кое ќе биде компензирано.
Државата со 3,4 милиони евра ќе помага формирање акцелератори каде младите ќе отвораат сопствени бизниси, и ќе поттикнува технолошка експанзија на мали и средни фирми преку набавка на технологија и опрема за зголемување на конкурентноста.
Ангеловска - Бежоска укажала дека важен чекор во оваа насока е нацрт-законот за плаќања, што се очекува да обезбеди импулс за нови иновативни компании со иновативни, но безбедни финансиски услуги.
По неколку недели високи откупни цени, од денеска струмичките домати и краставици се откупуваат по преполовени цени во споредба со изминатите денови.
Министерката Апостолска, се наведува понатаму, го информираше амбасадорот дека неодамна во сила стапи Законот за финансиска поддршка на инвестиции, што овозможува стимулирање и поддршка на странските и домашните компании
Во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани е регистриран зголемен број на превезени патници во патниот патнички превоз за 21,7 проценти, во воздухопловниот за 21,3 проценти, во железничкиот за 29,4 проценти, а во градско-приградскиот превоз е намален за 3,3 проценти
Потпишувањето на Колективниот договор и зголемувањето на платите на вработените во Шумската полиција беа тема на разговор на денешната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставници од Шумската полиција.
Во април годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се повисоки за 0,5 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,2 процента на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.