Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ги повлече поднесените барања за спорови против Република Македонија, соопшти Кабинетот на заменик-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Банките од регионот ќе соработуваат со Европската банкарска федерација за сајбер безбедност, законите против перење пари, Базелскиот договор, што неодамна беше донесен.
За половина година се очекува да заврши изградбата на пругата Битола-Кременица со која се овозможува железничко поврзување меѓу Македонија и Грција.
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Компаниите не можат да ги исполнат условите од Правилникот за лифтови кои предвидуваат вградување дополнителни уреди вредни најмалку 5.000 евра и технички речиси неизводливи. Поради тоа, бараат средба со Владата за негово повторно одложување.
Заменик министерката за финансии, Ширет Елези, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан при што разговарале за унапредување на соработката во повеќе сегменти како и за размена на искуства.
Доматите, пиперките, краставиците и пролетната зелка продолжуваат да се извезуваат во Бугарија, Украина, Романија и сите поранешни југословенски републики.
Алкохолот во продажната мрежа ќе биде достапен за купување без ограничување. Со законски измени се укинува временото ограничување за купување алкохол во продавниците, кое беше воведено пред десетина години.
Најдоцна за пет дена, односно пред 1. јуни, ќе биде пуштен во сообраќај патот Приштина-Скопје, на потегот Качаник-Генерал Јанковиќ, а набргу потоа ќе се отвори уште една делница на автопатот „Арбен Џафери“, која ќе ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце на границата со Македонија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Ѓорги Наумчевски е производителот чие вино, од македонската автохтона сорта „станушина“, се најде во кантитната на Европскиот парламент (ЕП) заедно со галичкиот кашкавал и медот од Македонската медоносна пчела.