Преку Програмата за поддршка на зелената економија (ГЕФФ) што ќе биде презентирана денеска, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува со финансирање на домаќинствата за зголемување на нивната енергетска ефикасност.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски попладнево на својот фејсбук профил соопшти дека лозарите можат да ги подигнат дополнителните два денара субвенции за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја преиспита улогата на развиените земји во корупцијата, ќе го процени економското влијание на слабото управување и ќе даде политички препораки.
На средбата, како што информираат од кабинетот на министерската, двајцата истакнале дека тоа најдобро се согледува од растот на трговската размена за 19,11 отсто во 2017 година.
Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор, а синдикатот на компанијата протестите ги стави во мирување до четврток до кога е најавено вработените да добијат плата.
Тековните проекти финансирани од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, како и идната финансиска помош од ИПА 2019 која што е во фаза на програмирање, и областите во секторот земјоделство што ќе се финансираат преку ИПА 2019
Ако не сфатиме дека на државата и требаат големи комбинати, нема да имаме напредок во земјоделството, порачаа дел од учесниците на денешниот форум за економски развој во Велес.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи зголемување од 3,6 проценти во однос на февруари лани.
Народната банка на Република Македонија денеска го претстави првичниот сликовен приказ на полимерните банкноти, кои на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.
Според Љубомир Димовски од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, бизнисрегулатива.мк ќе се однесува на фирмите од секторите земјоделство, туризам, ИТ, текстил,..., а ќе ги опфаќа сегментите работни односи, даноци и заштита шри работа.