Дваесет домашни компании ќе спроведуваат иновативни проекти со 80 милиони денари преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), од кои 58 милиони денари обезбедува Владата, а останатите од Светска банка.
Од нив 108,1 милион евра се од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра од македонскиот Буџет. Парите се наменети за проекти во секторите железници, патишта и за техничка помош.
Со финансиска поддршка од Европската унија, ОРМ ќе спроведе проект „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија од прехранбено-преработувачката индустрија, со кој ќе помагаат во нивна интернационализација и подигање на извозниот капацитет.
Најдоброто нешто што го направи Владата во македонската економија е што успеа да ја извади од „виртуелниот свет“, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во Основниот суд во Велес се одржа испитно рочиште за материјално финансиската состојба и Извештајно собрание на доверителите на „Фени индустри“.
Предавање и дебата на тема „Младите и иновации“ ќе се одржат денеска на Машинскиот факултет во Скопје, како дел од третото издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“, што ја организира Францускиот институт во Скопје.
Домашните компании треба да ги подобрат капацитетите за иновативност на која мора да се фокусираат за да се подготват за конкурентниот европски пазар.
Нова инвестиција наскоро се очекува во ТИРЗ Скопје еден, во Бунарџик.
Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија.
Кралството Норвешка во наредниот период двојно ќе ја зголеми финансиската поддршка за Република Македонија, информирал норвешкиот амбасадор Арне Бјорнстад за време на денешната средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.