Прометот во индустријата во февруари во однос на јануари годинава е зголемен за 1,2 процента, а споредено со февруари лани за 7,4 проценти.
Во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 процента помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Евиденцијата на маркиците што се издаваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) за евидентирање на брашното пред пуштање во промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Македонија и Бугарија ќе ги поврзат организираните пазари за тргување со електрична енергија, предвидува Меморандумот за разбирање.
Подобрувањата во одредени аспекти во македонската економија регистрирани последниот период создадоа услови за намалување на каматната стапка на три проценти.
Македонија може да се развие како атрактивна туристичка дестинација. Тоа е сложен проект кој бара огромни инвестиции, но на долг рок е економски исплатлив за земјата, истакна претседавачот со Комисијата за европски прашања во Бундестагот Гунтер Крихбаум.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со претставници на компаниите Devoli Group од Косово и OAPI Ltd од Израел.
Вториот работен ден од Годишната конференција што во организација на Народната банка на РМ се одржува во Охрид ќе почне со воведно предавање на гувернерот на Централната банка на Белгија.
Новата македонска влада е отворена за соработка и Србија ја гледа како најзначаен сосед на Македонија, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев пред српските стопанственици.
Седум премиери, 50-тина делегации и над 400 учесници го имаат потврдено учеството на Дигиталниот самит на Западен Балкан што ќе се одржи на 17 и 18 април годинава во Скопје.