За време на Самитот изготвен е повеќегодишен акциски план, чијашто цел е справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји.
Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија организираат бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни дoбавувачи.
Во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, денеска ќе биде промовирано седмото издание на каталогот „Топ 100“.
Основниот суд Велес денеска го усвои предлогот за стечајна постапка на комбинатот „Фени“ од Кавадарци, кое го поднесоа Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк Роуд банка.
Во наредниот период планирана е изградба на 467 социјални станови во Скопје, Пехчево, Свети Николе, Виница и Пробиштип, најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Условот не е исполнет и банките остануваат на ставот да се отвори стечај за фабриката кој ќе значи реструктуирање и рестартирање со нов инвеститор.
Доколку банките имаат инвеститор за „Фени“, нека го повикаат на утрешното рочиште за стечај, повика на денешната прес-конференција Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во комбинатот, за кој неколку банки покренаа стечајна постапка како доверители.
Главните реформи, според него, во натамошниот систем треба како главна цел да имаат поедноставување на даночните процедури и зголемување на јавната доверба во транспареноста и ефикасноста на даночната управа.
- Процесот е сериозно забрзан во однос на претходните години и внесува повеќе ликвидност, фирмите повеќе работат, а потоа плаќаат даноци. Така што ние сме задоволни од овие процеси, истакна министерот за финансии.
Склучени седум договори за трговија на македонски со кинески компании на Б2Б средбите во рамки на Економскиот и трговски форум на 6. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ).