На листата има над 4.200 должници меѓу кои има и државни компании, но и звучни имиња на познати македонски бизнисмени и приватни компании.
ЕЛЕМ нема да се продава, напротив во ЕЛЕМ ќе се инвестира за доброто на сите граѓани, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на денешната средба со битолчани и рече дека на 15 октомври ќе се стави крај на сите лаги од ВМРО ДПМНЕ.
До 28 февруари следната година да се продолжи рокот за изградба на автопатската делница Демир Капија – Смоквица на Коридор 10, предлага Министерството за транспорт и врски.
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) ќе го кандидира Пецо Грујовски за претседател на ССМ.
Централниот регистар на Република Македонија одбележува 15-годишнина под мотото 15 години партнер и сервис на деловната заедница.
Трошоците на животот и цените на мало во септември останале на исто ниво како претходниот месец, а во споредба со истиот месец од лани трошоците бележат пораст од 1,7 отсто, а цените на мало пораст од 4,1 отсто.
Преку двата македонски аеродрома Александар Велики и Св. Апостол Павле во првите девет месеци од годинава патувале 1.546.193 патници, што е за 12 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Фабриката за феролегури „Југохром“ во Јегуновце, која беше затворена поради неизградба на филтер станица, според најавите, повторно ќе почне да работи во март или април следната година.
Шестиот годишен Самит100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври ќе биде најавен на денешната прес-конференција.
Претставници од 15 држави од четири континенти присуствуваат на Третата конференција „Кина – Централна и Источна Европа“ посветена на улогата на човечкиот капитал во иницијативата „Еден појас, еден пат“ што од денеска се одржува во Охрид.