„Контролинг професијата во Македонија – состојби и перспективи“ е насловена форумската дебата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата фабрика Лутекс, германска инвестиција за производство на индустриски и технички текстил во погоните на „Нонча Камишева“ во Велес денеска почна со работа.
Македонците пројавуваат интерес и за далечните дестинации како Дубаи и останатите Емирати, Рас Ал Кајам , Ајман , и секако за Куба, Малдиви, Занзибар и други егзотични дестинации, како и за крстарења.
НБРМ има непроменети очекувања за нивото на инфлацијата споредено со октомври и очекува забрзување на растот на цените, односно инфлација од 1,3 проценти годинава и 2 проценти догодина.
Денови на социјалното претприемништво чиј таргет се студентите, ќе се одржат денеска на Филозофскиот факултет во Скопје, како дел од проектот Поттикнување на социјалното претприемништво Europe Aid.
Изразуваме незадоволство и несогласување со одлуката на Комисијата за заштита на конкуренција дека некои одредби од договорите со нашите дистрибутери ги нарушуваат начелата на коректен и рамноправен однос кон пазарот и конкуренцијата.
Заврши десеттото јубилејно издание на програмата за бизнис образование Лидер проект која е резултат на македонско-канадска соработка.
Пивара Скопје АД категорично се противи на оваа одлука и ја изразува својата разочараност од неа.
Високи казни од 5,8 милиони евра за Пивара Скопје АД Скопје и 2,7 милиони евра за Прилепска пиварница, поради диктирање цени, изрекла Антимонополската комисија.