Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг, посветен на Поглавјето 32 коешто се однесува на финансиската контрола
Не е вистина дека се предвидува затворање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Во нашата држава постепено се прави транзицијата во енергетскиот сектор и заради војната во Украина роковите ќе бидат ревидирани, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Платите во приватниот сектор се многу поголеми од јавниот сектор. Имате ИТ компании каде што најниската плата е околу 600-700 евра за почетник, а понатаму согласно работното искуство на младите, платите се многу поголеми, истакна Тренчевска
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи посочи дека конкурентноста е една од најлошо разбраните области во нашата земја
Во Скопје утре ќе се одржи Бугарско-македонски бизнис форум. Ќе го отворат министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, што ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка
АД ЕСМ на 5 декември произведе 12.379 мегават часови (MWh) електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата, повикувајќи се на податоци на Диспечерски извештај на АД ЕСМ за изминатото деноноќие
Тркалезна маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија (МСП) во Северна Македонија денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Делегацијата на Европската Унија во Скопје
Порача дека во иднина ќе следат многу дебати на таа тема со цел да бидат сослушани сите страни.
Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.