Воедно, како што велат од КХВ, беше потенцирана и потребата од воедначување на управно судската пракса што подразбира правните мислења да се објавуваат, со цел јавноста да биде запознаена со примената на законите
Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,9 отсто, а најголем број на слободни работни места, 3 459, има во групата Работници во услужни дејности и продажба, соопшти Државниот завод за статистика.
Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели.
Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час, информира АД ЕСМ.
Групацијата порача дека правилата за добивање субвенционирана струја мора да се објават јавно и јасно и да важат еднакво за сите правни субјекти од секоја соодветна гранка.
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата којашто ќе важи од полноќ.
Во разговор за МИА, Јаневски забележува дека декември почна, а градовите се уште не излегле со понуда за пречек или некаква прослава, ниту се знае дали ќе бидат украсени.
АД Скопје Север вчера го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ, која, пак, со наменски добиени средства од Буџетот вчера попладне изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС.
АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутел од утре наутро повторно ќе имаат парно греење.