Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто
Во третиот квартал годинава патниот патнички превоз го користеле 866 000 патници, градско-приградскиот 9 530 000, воздухопловниот 859 466, а железничкиот превоз 108 000, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Со заедничка соработка и меѓусебна поддршка Западен Балкан ќе постигне поголем економски развој, што ќе го доближи регионот до Европската Унија, беше истакнато на денешниот Балкански економски форум што се одржа во Скопје
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра)
Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што ќе се гради во ТИРЗ Скопје 1
Во организација на Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување од 23 до 25 ноември по шести пат ќе се одржат Деновите на финансиската писменост, со обезбедување на предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има работен состанок со компании од прехранбената индустрија и трговијата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и компанијата која ја испорачува електричната енергија – ЕВН хоум треба да се занимаваат со фирмите кои недозволено се префрлиле од отворен на регулиран пазар, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Со домаќинско управување со енергетската криза мора да се следи што се случува на пазарот и ако на пазарот има електрична енергија чија берзанска цена е пониска од производствената, недозволиво е да се произведува со повисока цена