Оваа недела, од 14-ти до 20 ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот и градење и унапредување партнерства
„Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“ е темата на вториот од серијата настани посветени на годишниот Извештај на Европската комисија за Република Македонија за 2022 година „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности”, што ќе се одржи денеска во Скопје, а чиј домаќин е заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе ја отвори конференцијата насловена „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата
„Инспиративна иднина“ е насловен вториот Самит за женско претприемништво, што ќе се одржи денеска и утре во рамки на Националната платформа за женско претприемништво, проект кофинансиран од ЕУ, во соработка со Здружението на бизнис жени на Македонија, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР и Сојузот на стопански комори на Македонија
Милица Стојановиќ се потпишува како одговорно лице на фирмата „Хем алијанс“ на договорот со ЕСМ заверен на 20 октомври вреден 632 илјади евра
Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,75 процентни поени и сега е на ниво 4,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја
Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Четири откупни компании од 10-те регистрирани во земјава ги отворија пунктовите
Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, на бензините за два, а на екстра лесното масло за домаќинство за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси