Владата на денешната 102 седница ја усвои информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство на внатрешни компоненти „КИЕЛ Македонија“ ДООЕЛ – Желино и донесе одлуката за давање согласност за договорот.
Точните проценки ЕСМ ќе ги има околу 15 декември, а за следната година се очекува планот за производство да биде зголемен во однос на оваа година.
Во септември годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е 12,9 проценти помалку во однос на септември минатата година
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2022 година е намалено за 3,6 отсто во однос на истиот период лани, а продажбата на шумски сортименти изнесува 171 737 метри кубни и бележи намалување за 8,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика
Во Термоелектраните произведени се 7.453 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.308 MWh
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска, во рамки на 16. работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа што се одржува во Будва, Црна Гора, потпишал Коминике со своите колеги од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека веќе се дизајнирани нови, дополнителни мерки за помош на стопанството и тие најверојатно ќе бидат соопштени во наредните денови
Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор денеска организираше „Ден на COBISS“ на кој беа разменети мислења и искуства од работењето на националниот библиотечно-информациски систем COBIS.МК, како и на плановите за неговиот иден развој
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска пред Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан во Брисел ја претстави стратешката определба на Владата за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа
Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола