Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе простор што ќе се обезбеди во модерна фабрика во која вкупниот број вработени се најавува да достигне илјада.
Камен темелник за фабрика за литиумски батерии, инвестиција од 65 милиони евра на германската компанија BMZ Group, ќе биде поставен денеска во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.
Собранието изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај.
Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини.
Тендер за нов трет мобилен оператор мора да има, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски според кој, вчера потпишаниот Меморандум за соработка со телекомуникацискиот оператор „4иГ“ е необврзувачки и со него компанијата само пројавува интерес.
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии што ќе отвори 700 нови вработувања. Како што изјави денеска, се работи за германска компанија, а утре ќе биде поставен камен-темелникот на фабриката.
Со оваа мерка се надоместуваат дел од трошоците од страна на Министерството за економија и труд за развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, во износ од 2.000.000 денари.
Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и Србија каде аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2 отсто, покажуваат податоците на Евростат, соопшти Bloomberg Adria.
Како што информираат од Народната банка, на состанокот Кан се осврнал на клучните предизвици за независноста на централните банки.
Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголемен за 1.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.