Извештајот на Светска банка (СБ) нотира дека нашата држава има најробусна поддршка во однос на справувањето со кризата во регионот, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски
Хидроелектраната Чебрен ќе има инсталирана моќност од 333 мегавати и потенцијал од многу повеќе
Бизнисот очекува в петок, на 28 октомври, да се одржи редовна седница на Платформата за јавно-приватен дијалог и Владата да каже кои ќе бидат следните чекори за поддршка на стопанството
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Три понуди се доставени на тендерот за избор на надзор на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д, а чија изведба треба да ја изврши американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“
Поради отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, Управата за јавни приходи соопшти дека рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријава од страна на даночните обврзници и сметководителите се продолжува за три работни дена
На тендерот за набавка на природен гас, АД ЕСМ доби официјална понуда само од „Макпетрол“, која е со висока цена, поради што се размислува дали да се набави гас за топланите за ноември од оваа компанија или да се сочекаат и другите понуди кои во моментов се испратени како некомплетни
Владата јасно да каже колку може да помогне, да биде искрена за капацитетот со кој располага, а бизнисите да бидат разумни, да ја разберат ситуацијата, да бараат поддршка онаму каде што треба, да се однесуваат партнерски и да бидат одговорни кон граѓаните и државата, порачаа учесниците на денешната визионерска работилница за креирање национална развојна стратегија
Агенцијата за поддршка и промиција на туризмот во рамки на проектот од ИПА 2, добиен при апликација на повик за прекугранична соработка со Република Грција во Струга ја одржа првата од сетот работилници на кои се претставува самиот проект, а предвидени се и обуки за активни форми на туризам и како тие влијаат врз локалниот економски развој
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала 489 072 МWh електрична енергија, 23.044 мил. нм3 природен гас, 377 045 тони јаглен и 113 677 тони нафтени продукти