Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се во работна посета на Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
Народната банка, на својата веб-страница, меѓу податоците и показателите за банкарскиот систем на Република Македонија, почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва
Владата се обидува да најде начин дел од компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија да бидат вретени на регулираниот, но тоа да не предизвика дополнителни трошоци кои би влијаеле на зголемување на цената на електричната енергија од 1 јануари идната година за домаќинствата и 72-те илјади компании кои се веќе на регулираниот пазар
Не плукај по нешто со што утре можеби ќе бидеш горд на истото. Ќе ти биде непријатно!
Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва најави дека до крајот на октомври буџетот за 2023 година ќе биде доставен до Владата.
Во однос на владините мерки за штедење кон институциите, Бесими рече дека најголемиот дел од министрите доаѓаат со свои предлози.
ЕСМ има законска обврска да потпише договори со своите потрошувачи бидејќи повеќе не е БЕГ снабдување туку е ЕСМ снабдување, и овој проблем е веќе надминат, посочи вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Министерството за финансии до крајот на овој месец ќе ги има првичните проекции за буџетот за следната година. Според првичните проценки, како што брифираат владини извори, ќе се оди со понизок буџетски дефицит во однос на лани.
Според него, се успеа да се направи се што можеше во овие кратки рокови за да почне грејната сезона на 15 октомври.
Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која утре треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална, изјави денеска премиерот.