Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски за „Студио 10“ рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.
Посочуваат дека ЕСМ во моментов ги има вклучени сите капацитети кои му се на располагање, освен Блок 3 за кој на 21 октомври треба да биде испорачан трансформаторот од Турција и да пристигне во Битола на 26 октомври.
Што се однесува до договорите коишто ги имаат потрошувачите во Градот Скопје, нагласи Ковачевски денеска испратиле соопштение до јавноста, во кое ги информирале сите потрошувачи дека треба да се склучат нови договори.
Во текот на оваа недела се очекува да бидат доставени понудите за набавка на потребните количини на природен гас за месец ноември. Досега понуда има доставено само „Макпетрол“, но се очекуваат понуди од уште две до три компании.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)
Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија
Министерството за економија во комуникација со компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија веќе изработи предлог дел од нив да бидат вратени на регулираниот пазар и да бидат снабдувани директно преку ЕСМ продажба со цена пониска од берзанската, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски
Крајната цел е основните и средните училишта, македонските компании, јавните комунални претпријатија и прочистителните станици да добијат пониска цена на електричната енергија од пазарната и наместо да се финасира ЕВН и да му се плаќа маржа, ЕСМ директно да им ја продава на нив, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски
Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1
Народната банка досега соодветно одговора на тековните предизвици, кои се последица на глобалната криза, преземајќи мерки во насока на постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност