Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица.
Нивото на инфлацијата во последните месец-два се смирува и е на ниво на 3 проценти, изјави денеска во Македонска Каменица, премиерот Христијан Мицкоски.
На македонските рудари, кои работат во подземните, но и на површинските копови платата им е повисока за 30 проценти, а кај некои од поголемите рудници за метали и за над 60 проценти од просечната плата во земјата.
Управата за јавни приходи соопшти дека од четврток попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.
Според податоците на Народната банка, во вториот квартал од 2024 година растот на „зелените кредити“ изнесува 2,6 милијарди денари или 2,8 отсто, додека на годишна основа, како што се наведува, растот на овие кредити забави и изнесува 14,9 отсто
Тој додаде дека оваа влада наследи катастрофален Буџет од страна минатата каде што не беа испланирани средства за плати во одредени претпријатија и исплата на пензии, но и покрај тоа со ребалансот овие состојби се надминати.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во првата недела од септември очекува да биде поставен камен темелник на нова инвестиција во државата.
Според Божиновска, иницијатива за праведна транзиција е потребна на сите нивоа.
Порталот, се вели во соопштението, е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства, како и дека податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци.
До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април - јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи.