Зборувајќи за трендот на апрецијација на американскиот долар, кој започна кон крајот на минатата, а забрза годинава, гувернерката посочува дека има повеќе причини за тоа.
Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ денеска протестираат пред Владата, барајќи да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.
Постојниот модел на субвенционирање, оцени министерот, не ги дава посакуваните ефекти и укажува на манипулации и можности за злоупотреба.
Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети компаниите „Еуроникел“ (поранешен ФЕНИ), „Кожувчанка“ и „Металопромет-Струмица“
И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од Електрани на Македонија
Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.
Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено.
Македонија е дел од Европа и само со заеднички мерки можеме да се справиме со енергетската криза, истакна министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Прага, каде учествуваше на неформален министерски состанок за енергетика на Европската унија
Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски
Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години