„Булмак 2016“, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово“ – Пробиштип и “Тораница“ – Крива Паланка до овој момент работи непречено, ном под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина
Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,5 процентни поени и достигна ниво од 3,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Од полноќ ќе има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети
Постапката за избор на надзор и консултант за Коридорите 10 и 8 е во тек, а по нејзино затворање, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ја информира Владата за тоа колку компании се во игра да го добијат тендерот, информира денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски
Делегација од Република Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска од денеска престојуваат во Вашингтон каде што ќе учествуваат на Годишните средби на ММФ и Светска Банка
Делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, Соединетите Американски Држави
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот
Од почетокот на енергетската и ценовната криза, Владата имаше најсилен фискален одговор во регионот, дури за неколку пати посилен во однос на останатите земји од Западен Балкан, што беше нотирано и од Светска банка
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагира по последните изјави на премиерот Димитар Ковачевски за кратење на платите и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за укинување на недела неработен ден
Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денеска ќе ја посети компанијата „Булмак 2016“ Пробиштип, дел од Минстрој Холдингот, кој е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ и „Тораница“