Народната банка на Република Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат „Јунит Линкд“ осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ
Со законските измени се предвидува фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до шест киловати и од сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати.
Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем.
Основните и средните училишта на територијата на цела држава, ќе бидат на регулиран пазар, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините
Банкарскиот сектор и во второто тримесечје од 2022 година соодветно се справува со предизвиците наметнати од воениот конфликт меѓу Русија и Украина и ги зголеми активностите на квартална основа
Со Србија се преговара за размена на гас за електрична енергија, а доколку се постигне договор половина од електричната енергија која ќе се произведе во ТЕ-ТО треба да остане за нашите потреби, а другата половина да се врати на северниот сосед, најави министерот за економија Крешник Бектеши
Собранието вчера ја продолжи кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата и во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје. заклучно со 30 април идната година
-Сега ќе дојде законот за енегетика, ви препорачувам таков амандман да доставите, им порача Бектеши на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во текот на вториот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 41 милион евра и изнесува 7.770 милиони евра, што претставува 58,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година, информира НБ.