Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или поранешна „Маслодајна“ досега откупи 6 000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ
Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската унија
Сојузот на стопански комори (ССК) денеска потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Хрватска cо цел преземање заеднички активности за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји
Сите основни субвенции во сточарството се исплатени, оние што се по грло, а за предадено млеко се исплаќаат согласно утврдената динамика и доцнат само две фази, но тоа не се две години, туку неколкумесечен период
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија
Допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. Верувам дека Владата ќе најде решение, на тоа работи вицепремиерот Фатмир Битиќи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ситуацијата во АД „Водостопанство“
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Македонија и Република Хрватска
Сите други земји ги достигнаа бројките од 2019 година во туризмот, а ние сме сè уште далеку од нивото пред кризата. Бележиме пад од 30 отсто кај странските туристи, а не ги искористивме ниту потенцијалите на регионалниот и на домашниот пазар па освен раст на српски, нема зголемување на бројот на други туристи од соседството, соопшти денеска Стопанската комора
Партнер на државата, стручен консултант на членките и советник на крајниот потрошувач, ова ќе биде клучната мисија на националната асоцијација на тур-оператори и туристички агенции (НАТТА) чие основање го најави денеска Стопанската комора на Македонија