– Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме, рече Битиќи пред Владата.
Вицепремиерот за економски прашања денеска од редовната седница на на Комисијата за јавно-приватен дијалог порача граѓаните да не се грижат зашто, како што рече, електрична и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима
Работниците во АД „Водостопанство“ се два месеца без плата, а од 1. месецов немаат ниту здравствено осигурување. Доколку нема исплата револтот наскоро може да премине во штрајк, кој ќе значи и проблем со водоснабдувањето на земјоделските површини и посевите, особено во овој период кога е најпотребно, информирале денеска од АГРО Синдикатот и Синдикалната подружница на АГРО Синдикатот при АД Водостопанство на средба во Сојузот на синдикатите на Македонија
Комисијата за јавно-приватен дијалог ќе стане кризно тело преку кое Владата и бизнис секторот заеднички ќе делуваат во насока на справување со енергетската криза
Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина, кој е предлог на Министерството за финансии, а беше прифатен од Владата, предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година
Нема привилегирани, ниту дискриминирани. Сите што се пријавија, добија дел од сечата и сите што ќе се пријават ќе добијат опожарена дрвна маса која до 1 септември 2023 година мора да се отстрани, бидејќи претставува опасност за природата и екологијата, истакнаа денеска директорот на ЈП „Национални шуми” Валентин Груевски и раководителот на Секторот за шумарство и ловство при МЗШВ, Саша Јовановиќ
Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“
Владата веднаш да им помогне на компаниите преку укинување на ДДВ-то за струја и замрзнување на цената на електричната енергија по примерот на соседните земји, да ги забрза постапките за инсталација на фотоволтаици и да го пренамени поголемиот дел ако не целосниот износ на средства од капиталните расходи за тие да се инвестираат во обновливи извори на енергија со цел максимално да се искористи целиот државен капацитет за производство на електрична енергија
Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Во вториот квартал годинава, во споредба со истиот период лани, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 3,3 проценти, во воздухопловниот за 15,6 проценти, додека во железничкиот намалувањето изнесува 28,5 проценти