Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците бидејќи, како што велат, и во време на ковид пандемија, работниците со својата работа помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала приходи по основ на даноци
Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед
Членовите на надзорните одбори во банките покажуваат релативно високи познавања за својата улога во целиот процес на корпоративно управување со банките
На барање на корисниците, во фаза на изработка е веб апликација која ќе им овозможува на е-трговците брз, едноставен и сигурен пристап до услугата за достава на нивните производи до купувачите, како и следење на пратките во секој момент
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31 869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,4 проценти и 13,5 проценти, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка
Стопанската комора бара од Владата да ги реализира нивните заклучоци презентирани во јули годинава и нагласува дека е потребно да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси
На аеродромите во државава има откажани летови, но процентот е мал и ситуацијата не е толку изразена како на европските, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија.
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ и Косовската железничка инфраструктура ИНФРАКОС АД ќе работат на заеднички проекти од значење за пограничниот појас на двете држави, ќе воспостават заедничка погранична станица и ќе разменуваат искуства