Министерот за финансии Фатмир Бесими во последната колумна истакнува дека реформската агенда продолжува и покрај кризата потенцирајќи дека смарт финансиите се најзначајна фискална реформа
Во пресрет на престојната зима за која се вели дека ќе биде најтешка во последните децении, надлежните институции уверуваат дека ќе има доволни количини на јаглен и мазут за домашните енергетски капацитети да можат да ја произведат потребната електрична енергија
Владата на денешната седница ја усвои Предлог – програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година со која, по ребалансот на буџетот, средствата се зголемуваат на 2,6 милијарди денари и со нив ќе се врши исплата на сите заостанати обврски кон земјоделците, а почнува и авансната исплата на субвенциите во висина од 30 отсто од вкупната вредност
Владата на денешната седница ја усвои измената на Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2022 година со која до 15 август се продолжува рокот за поднесување барања за директни плаќања
Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити
Со блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес и со мирен протест по главните улици до седиште на Управата за јавни приходи во центарот на Велес денеска вработените од „Колска“ го изразија своето незадоволство поради блокирањето на нивната сметка
Почнати се првичните активности за најавената иницијатива отворање „One stop shop“ и на граничниот премин Пелинце-Прохор Пчински за патниците
Потпишан е договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка со кој се обезбедуваат 37 милиони евра за Проектот за поврзување на локални патишта со кој ќе се реконструираат, надградат и рехабилитираат севкупно 450 километри локални патишта, во сите општини во државава
По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров
Договори за финансиска помош ќе бидат потпишани со 280 компании кои влегуваат во инвестициски циклус од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места