Оваа одлука ќе важи до 31 декември 2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година.
Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток, 21 јули, до недела, до 24 јули.
Надлежните министерства да дадат препораки за заштита на работниците по најавите дека целата територија на државата ќе биде зафатена од силен топлотен бран и високи температури, побара претседателката на Здружението „Гласен Текстилец”-Штип, Кристина Ампева.
Европската комисија го поддржа ставот на синдикатите дека растот на цените, особено на енергетиката, е примарен двигател на инфлацијата, а не зголемувањето на платите.
По одземањето на лиценците на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје има рок од 90 дена да се објави јавен повик за избор на нов снабдувач, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Како што претходно при обидот да се направи профит со криење на прехранбените производи беа посочени сите компании што тоа го направија и сега ќе направиме слично со оние што се обидуваат да направат вештачки недостиг на пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на железничката пруга за прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на железничката пруга на Коридор 10
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик амбасадорот на Европската Унија, Џулијан Васало и градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири денеска извршија увид во изградбата на системот за наводнување Теарце
Со инвестиција од 200 милиони евра ќе продолжи изградбата на пругата на Коридорот 8 и ќе се реконструира дел од пругата на Коридорот 10