Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.
Да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење, да не се менува даночната политика, а важните економски закони секогаш да се носат во консултација со бизнисот, апелира Стопанската комора на Македонија.
Македонската Соларна Асоцијација вечер во Скопје ќе одржи годишна соларна конференција и саем, на кој ќе бидат изложени најновите производи од соларниот сектор и панел дискусии за моменталната ситуација во соларниот сектор на Републикава
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека на 30 јуни истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат на четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари наменети за подигнување на долгогодишни насади
Развојната банка на Македонија (РБМ) ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка
Фабриката за хартија „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производствениот процес, откако пред три недели Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) издаде задолжение да продолжи со работа со користење на вториот котел кој како енергенс се употребува природен гас – метан
Приспособување на концептот за јавни набавки кон актуелната состојба и намалување на царинските стапки на суровините и репроматеријалите за агропрехранбениот сектор, се двете дополнителни економски мерки што ги предлага Стопанската комора на Македонија
Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје – Блаце и фотоволтаичните електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола, соопшти Министерството за финансии
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека во услови на светска криза која директно ја погодува и земјава, навремено се креирани мерки за поддршка на земјоделците во широк консултативен процес со земјоделците, нивните здруженија и земјоделските експерти
Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони