Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика
Со ребалансот на Буџетот, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) обезбеди 2,7 милијарди денари, средства наменети за директна поддршка на земјоделците, односно за исплаќање на редовните, но и целосно расчистување на заостанатите субвенции кон земјоделците
Во април 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти во земјава изнесувала: 626 982 МWh електрична енергија, 7.339 мил. нм3 природен гас, 485 350 тони јаглен и 93 840 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Во Охрид денеска ќе се одржи работниот дел од вчера започнатата Меѓународна конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово – одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи)
Бектеши потенцира дека со мерките кои што досега ги превзема Владата се надоместени 80 отсто од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании.
Новата 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка ќе се одржи на 30 јуни 2022 година (четврток), со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска
АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 година, седум евра повеќе од цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022 година кога изнесуваше 41 евра
ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември годинава, доби само една понуда од АД ЕСМ, која изнесува 48 евра за мегаватчас и е за 17 проценти повисока од претходната
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа работна мултилаерална средба со сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир, во рамки на министерстката конференција Global Alliance for Food Security која се одржува денеска во Берлин