Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во делот на дебатата на сесијата „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“ во рамките на Преспа Форумот за дијалог во Охрид, се осврна на најважните аспекти на мерките на Владата за справување со последиците од економската и енергетската криза
Има голем интерес за поставување фотонапонски панели од страна на домаќинствата и малите потрошувачи, посебно сега откако беше објавен новиот изменет Правилник за обновливи извори на енергија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во денешното гостување во „Утрински брифинг“
На следната седница на Владата на дневен ред ќе се најде новиот закон за заштита на потрошувачите каде што точно ќе биде регулирано кои се чесни, а кои се нечесни практики кај ланците на маркети и тоа ќе биде санкционирано, најави министерот за економија Крешник Бектеши
Во април годинава се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44,6 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ)
Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваше во првата регионална конференција „Без предрасуди, само бизнис“ која се одржа во Белград во организација на „Пословни дневник“
Во конкуренција меѓу 280 винарии, производители и увозници на вино од сите балкански земји, „Тиквеш“ доби три награди на 11. Балкански вински фестивал
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе присуствува на целосното пробивање на левата цевка на тунелот Фариш во правец кон Прилеп, кој се гради на експресниот правец Градско – Прилеп, информира Министерството за транспорт и врски
Интензивно се работи на експресниот пат Градско-Прилеп, деновиве ќе се пробиваат тунелите, а ние ќе вршиме притисок да се запазат роковите за целосна изградба, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше во увид на рехабилитација на патна инфраструктура во Крушево