Националната платформа за женско претприемништво денеска организираше регионален форум на тема „Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво“, како дел од низата форуми во сите осум плански региони во државата покриени со хабови за женско претприемништво
Дури 70 отсто од германските инвеститори повторно би инвестирате во земјава, а 30 отсто би се одлучиле за друга локација, покажуваат резултатите од анкета за деловната клима за 2021/2022 година што ја спроведе Македонско-германското стопанско здружение од март до април годинава кај 30 свои членки
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на денешната седница ги разгледа најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика
Граѓаните од 1 јули годинава непречено ќе може да поставуваат фотоволтаици за производство на електрична енергија на своите покриви со инсталирана моќ до шест киловат часови, а универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ ќе биде должен да им го откупи вишокот на произведена струја или да им одбие од сметката кога ќе трошат повеќе од произведеното
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2022 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на април и изнесува 13.4, а во однос на мај 2021 година е намален за 1.4 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика
Поддршката за граѓаните и економијата со ребалансот не е само 76 милиони евра, кои се предвидени во посебната програма за антикризни мерки
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува пратениците од власта и опозицијата да го изгласаат амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор пред, како што велат, дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови
Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) потпишаа Меморандум за соработка за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Македонија
Националната платформа за женско претприемништво денеска ќе одржи панел-дискусија на тема „Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво“
Македонско-германското стопанско здружение и Делегацијата на германското стопанство денеска ќе ги презентираат резултатите од анкетата спроведена меѓу компаниите за оценка на деловната клима во Република Македонија