Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите
Ребалансот на Буџетот за 2022 година доаѓа по инвазијата на Русија врз Украина, што ги наруши пазарите во Европа, која е наш главен трговски партнер, а кај нас се одрази со зголемување на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите.
Невработеноста на младите од Западен Балкан во секоја од земјите е преку 25 проценти. Неусогласеноста на образованието со потребите на пазарот на трудот и потребата од нови ИТ решенија и нов пристап кој ќе ја отслика желбата на младите, со цел формирање исправни политики за вработување, се клучните проблеми кои ги посочуваат младите од регионот, информира Огњен Марковиќ на денешната конференција насловена „Unemployment ‘UNMUTE: A region fit for YOU(th)’“
Мерките секогаш ги носиме во консултација со Стопанските комори. Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши
Заврши вториот проект за подготвеност за Зелениот климатски фонд со кој се поставуваат темелите за климатски активности предводени од државата во иднина
Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски сметаат дека не се противуставни предложените измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач и воведувањето на четири блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија, односно за скапата струја
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши
Од денеска започнува да се спроведува проектот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) – „EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција“, кој има за цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА преку поддршка на спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега
Програмата за европска соработка за наука и технологија COST (European Cooperation in Science and Technology) во соработка со Министерството за образование и наука в понеделник, 20 јуни, ќе организира онлајн Инфоден