Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби треба да се охрабрат, а оние што инвестираат за продажба на струја да бидат повнимателни. И едните и другите да ги следат процедурите за реализација на инвестицијата, изјави денеска Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Македонската енергетска асоцијација
Директорот на „Електрани на Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски денеска ги демантираше информациите дека фирма која има договор со ТЕЦ „Осломеј“ увезува јаглен од Грција, а го декларира како да е од Косово.
Агенцијата за развој на САД (УСАИД) е значаен партнер на Македонија во изминатите 30 години во постигнување на нејзините стратешки цели и стандардите за членство во НАТО и пристапување во ЕУ, констатирале на денешната средба министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на УСАИД во земјава Ерик Јановски, кој го завршува својот мандат во втората половина од април 2022 година
До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас во земјава, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој не верува дека би имале некаков проблем во делот на топлинската и електричната енергија при евентуална одлука на Руската Федерација да се плаќа природниот гас во рубљи од страна на „непријателските држави“
Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија
Во услови кога цела Европа е соочена со една од најголемите енергетски кризи, Владата преку АД ЕСМ успеа со навремени мерки да се справи со ценовниот шок кој што беше неминовен.
На веб-страната на Управата за јавни приходи, веќе е поставен софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата
Од овој месец почнува исплатата на зголемената минимална плата од 18.000 денари. Се очекува околу 80.000 работници во државава да земат повисока плата за околу 2.800 денари
Како што информираат од Министерството за финансии, станува збор за инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија за инвестиции за зелена и дигитална трансформација во ФИТР, како и стратешки инвестициски фонд за поддршка на инвестиции во ТИРЗ и инфраструктурата во зоните
Советот на Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот на монетарната политика, преку којшто се настојува да се влијае на валутната структура на депозитите во банкарскиот систем.