Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ).
На денешната седница, се отвори дискусија за барањето на СОНК во однос на усогласување на останатите плати во образованието и Синдикатот на УПОЗ за вработените во управата и правосудните органи со порастот на минималната плата.
Дел од маркетите, според Управата, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, изнесува 44.762 денари и е за 6,1 отсто повисока отколку во јануари 2021 година.
Амбасадорот нагласи дека за овогодишното издание е избрана особено предизвикувачка тема – „ресоздавање – дизајн и нови технологии за одржлива иднина“.
Во гостувањето на „Утрински брифинг“, Николовски потенцира дека максимално одговорно се постапува, се следат состојбите и се реагира навремено.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) лани добила 206 претставки од незадоволни осигуреници за работата на осигурителни компании и други учесници на пазарот
Првото професионално истражување од „Гласен Текстилец“ од Штип и тим на експерти покажа дека една третина од текстилните работнички имаат потврдена медицинска дијагноза, а останатите работници се во ризик
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор на невладината организација „Зелен навигатор на Западен Балкан“, чие основачко собрание се одржа вчера во Нови Сад