Oд почетокот на енергетската криза и порастот на цените донесени се над 30 мерки од над 600 милиони евра за заштита на домаќинствата и економијата
Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените деривати и горивата за транспорт
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи
Антикризните мерки почнуваат да се применуваат од вечерва од 24 часот за нафтата и нафтените деривати, додека во делот на основните прехранбени производи откако фискалните апарати се усогласат со новото ДДВ, истакна при денешната посета на фабриката за производство на масло за јадење Министерот за економија, Крешник Бектеши
Државата има доспевање од 200 милиони евра долг во текот на оваа година – 100 милиони на домашен и 100 милиони на надворешен пазар
Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими
Европската комисија неделава ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Македонија, во која се содржани нови мерки кои значат нови инвестиции за македонското земјоделство, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата
Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите