Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши
Стопанската комора на Северозападна Македонија, по извршената анализа, констатира дека замрзнувањето на трговската маржа е штетно за економијата на земјата во овој период на криза, а анализата покажа дека е неопходно од листата на замрзнати производи со одлука на Владата да се тргнат солта, овошјето и зеленчукот
Во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државни резерви пченица, рече денеска државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски
Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончеглед и сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши
Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера
Владата на Република Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки
Во 15 часот денеска треба да почне собраниската седница на чиј дневен ред единствени точки се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.
Следниот вторник, пак, според најавите, најверојатно ќе биде донесена и мерка за увоз на масло за јадење од сите држави со нула проценти царина со што се очекува да се зголеми конкурентноста на пазарот и да се стабилизира цената на овој прехранбен продукт.
Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 1,67 отсто, соопшти вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај.