Во моментов земјава 100 проценти од потребите за природен гас ги обезбедува од Русија и е 100 процентно зависна исто како и Молдавија и Босна и Херцеговина и затоа не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас
Глигор Арсов, претседател на Такси 2003 Штип вели дека со трендот на покачување на горивата голем дел од комапаниите веќе затворија, а останатите, како што рече, одвај опстануваат.
Воедно, посочуваат од Министерството за финансии, на средбата министерот Бесими информираше и за законот за буџети чие носење од страна на пратениците е од есенцијално значење.
Итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите, побара денеска Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ
Сетот на мерки што денеска го презетираше Владата има финансиски импликации во висина од околу 400 милиони евра. Од нив, како што појасни министерот за финансии Фатмир Бесими, 90 милиони евра се откажување од приходи, а околу 310 директни фискални расходи.
Владата на Република Македонија на денешната 24-та седница ја разгледа Информацијата за економски мерки за справување на енергетската и ценовната криза, во рамките на која се донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите
Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава. Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите.
Во тек се пресметки чии резултати ќе покажат дали се исполнети предусловите Регулаторната комисија за енергетика и водини услуги (РКЕ) да носи нова одлука за цената на горивата или не