-Постојано се зголемуваат цените на енергенсите, гледате дека цената на нафтените деривати и на струјата е зголемена, а тоа влијае врз нашето производство. Доколку не се покачеше цената на лебот и на пекарските производи, многу од пекарниците ќе го стопираа пропизводството, вели Малинов.
Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Северна Македонија) во соработка со Американско-грчката стопанска комора (АмЧам Грција) со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина организираат, како што велат, прва трговска мисија на компании од Грција во Македонија
Како што истакнуваат од РКЕ, просечната цена на дизелот во регионот е 1,419 евро, а кај нас цената е пониска за 13,953 отсто.
Во четвртото тримесечје од 2021 година во земјава имало имало 7.979 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Не очекуваме позначителни ефекти од исклучувањето на дел од руските банки од СВИФТ системот, односно меѓународна платформа за брзо и ефикасно извршување на плаќањата, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Во раните денови од пандемијата, малкумина можеа да ги предвидат трајните ефекти кои Ковид-19ќе ги остави врз веќе воспоставениот начин на работа.
Дирекцијата за Технолошко-индустриските развојни зони во соработка со Советот на странски инвеститори и компаниите денеска во Скопје организира панел на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции“ како дел од активностите за унапредување на деловната клима со цел проширување на услугите и можностите за инвестирање
Нема простор за паника – стоковните резерви се доволни, а компаниите располагаат со залихи на храна кои можат да одговорат на потребите на пазарот
Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем
Германската компанија „Гересхајмер“ ја зголемува иницијалната инвестиција во ТИРЗ Скопје за повеќе од двојно