Буџетот во овој момент е ликвиден и ги спроведуваме сите најавени мерки, а само од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија кои се на регулираниот пазар, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими
Министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по денешната посета на производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „Ука Комерц“ во Сарај на заедничка прес конференција дадоа објаснување за новите мерки за помош на компаниите за разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата
Има повеќе варијатни коишто ќе видиме како ќе се движат во следниот период и тогаш ќе знаеме каква ќе биде цената на лебот. Ако државните резерви не се полни треба да се наполнат, бидејќи добар домаќин и држава го прави тоа, порача денеска Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопанските комори
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека неговата одлучност во барањето за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари резултирала со 90 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието да ги усвои Предлог – измените за дополнување на Законот за минимална плата и тие денеска да бидат објавени во Службен весник
Виртуелна работна средба за подготовна за овогодинешниот Европски квиз на пари се одржа денеска со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од земјава и нивните ученици од 186 одделенија односно класови
Земјава лани во декември вкупно потрошила 852.895 мегават часови електрична енергија, 50,704 милиони нормални кубни метри природен гас, 481.802 тони јаглен и 106.882 тони нафтени продукти
Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни
Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, е главниот заклучок од координативниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО
Граѓани, компании и институции лани склучиле речиси 1,5 милиони договори за неживотно осигурување, што е за 30 отсто повеќе од 2020 година. Раст на вложувања во осигурување има кај 15 осигурителни класи, а најзначајни за истакнување, според Агенцијата за супервизија на осигурување, се зголемената побарувачка за патничко осигурување, осигурување имот и приватно здравствено осигурување
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска организира конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“