Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска го посети даночниот обврзник КРОМБЕРГ&ШУБЕРТ БТ ДООЕЛ Битола чија основна дејност е производство на електрична и електронска опрема за моторни возила, а кој ја користи мерката за субвенционирање на придонеси заради зголемување на плати за 4476 вработени
Делницата во изградба Крупиште – Кочани во должина од 13,7 километри која е дел од од експресниот пат Штип – Кочани се очекува да биде завршена во наредните неколку месеци
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници
Ново зголемување на цените на нафтените деривати. Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена во следниот седумдневен период.
Пандемијата покажа дека малите компании ќе треба час поскоро да го дигитализираат работењето за да бидат попродуктивни и поконкурентни, велат од Стопанската комора на Македонија
Народната банка денеска објави дека на годишна основа вкупните депозити во јануари се зголемени за 7,4 проценти, а вкупните кредити за 8,4 проценти.
Движењето за социјална правда ,,Обединети работници", како здружение на граѓани кое делува во областа на трудовото и социјалното право во Република Македонија, ја изразува својата длабока загриженост во однос на ефектите од вештачкото зголемување на минималната плата.
Народната банка посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем, како значајна алка во создавањето поволни финансиски услови за економски раст
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид во работите на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани
Геополитичките случувања, вклучително и руско-украинските тензии може неповолно да се одразат врз динамиката на заздравувањето на глобалната економија, како и на глобалните пазари на примарни производи