Во периодот јануари – декември 2021 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 156 214 000 денари, што е за 19,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Макроекономските показатели се во согласност со очекувањата, но состојбата треба будно да се следи поради неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата и актуелните геополитички тензии и нивните ефекти врз глобалниот раст на цените, смета Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Веќе се при крај сите анализи што ги врши Секторот за трговија во склоп на Министерството за економија во соработка со другите економски ресори во Владата за евентуално продолжување на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти што важат до крајот на месецов, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
На барање на правните субјекти заради заштита и превенција од КОВИД-19, Централниот регистар донесе одлука за продолжување од 10 дена на рокот и за хартиено и за електронско поднесување на годишните сметки
Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република Македонија
Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ќе го посетат производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден
Предлог одлуката на Владата да се продолжи рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје до 30 април годинава денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, по што за неа треба да се одлучува и на пленарна седница.
Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки за електрична енергија.
Со овие договори и преземени обврски, посочуават од Владата, Терминалот за течен гас во Александропулос ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на Северна Македонија.