Во четвртото тримесечје од 2021 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 5 900 641 000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3.6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Лани во декември во земјава престојувале 39.222 туристи од кои 53 отсто се домашни, а 47 отсто странски посетители кои оствариле 78.237 ноќевања при што 52,9 отсто реализирале домашните, а 47,1 отсто странските туристи.
Придобивките за стопанството и економијата од либерализацијата на финансиските пазари и мобилизирање на средствата се огромни.
Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите.
Патот до граничниот премин Kлепало е долг само 13 километри. Ако ги добиеме поскоро еколошките дозволи, ќе биде завршен до крајот на годинава, рече денеска бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Сабев
Оризопроизводителите од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат
Над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади денеска им се исплатени на 13.854 лозари, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил
Со промената на цените на храната за кокошките и поскапувањето на струјата и горивата, живинарските фарми во Кичевско едвај преживуваат, а слична или иста е состојбата и со останатите живинарски фарми во земјава
Конфедерацијата на слободни синдикати бара до средината на март усогласување на останатите плати со минималната плата, во спротивно не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк на јавниот сектор
Зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, како и преземање на заеднички чекори коишто ќе имаат импакт врз создавање на услови за забрзан раст на економијата, беа главните теми на кои разговараа министерот за економија Крешник Бектеши и заменик- министерот за надворешни работи на Грција, Костас Фрагогијанис на денешната работна средба во Министерството за економија